Од вечерва на полноќ поевтинување на сите горива, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Така цената на дизелот се намалува за 0,5 денари, и од утре ќе се продава по цена од 68,5 денари по литар.
Бензинот од типот „еуросупер- 95“ се намалува за 1,5 денар, и ќе изнесува 77 денари по литар, додека за 1,5 денари се намалува цената на бензинот „еуросупер 98“ и ќе изнесува 77,5 денари по литар.
Малопродажната цена на маслото за домаќинство се намалува за 1 денар и ќе чини 68 денари, додека цената на мазутот се намалува за 0,948 ден/кг и сега ќе изнесува 42,985 ден/кг.