More

    Израел официјално ја прекина соработката со агенцијата на ОН за помош на Палестинците

    spot_img

    Израел официјално ги извести Обединетите нации за раскинувањето на договорот за соработка со Агенцијата на ОН за помош и работа за Палестинците на Блискиот Исток (UNRWA). Истовремено, тие уверија дека ќе продолжат да соработуваат со хуманитарните организации кои „не промовираат тероризам“.

    Амбасадорот на Израел во ОН, Дени Данон, на мрежата Х објави дека неговата земја официјално го известила генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за прекинот на соработката со УНРВА. „И покрај убедливите докази што ги презентиравме до ОН кои ја потврдуваат инфилтрацијата на Хамас во УНРВА, ОН не направија ништо за да се поправи ситуацијата“, додаде Данон.

    Во исто време, амбасадорот објави и писмо до Гутереш, од неделата. Како што објаснуваат израелските власти, тие имаат намера да продолжат да соработуваат со хуманитарни организации, но „не и со организации кои промовираат тероризам“, пренесува германската новинска агенција dpa.

    Израелскиот парламент минатата недела усвои закон со кој се забранува на УНРВА да работи во Израел и окупираниот Источен Ерусалим од следната година. Законодавството, исто така, ја загрозува работата на агенцијата во Појасот Газа, бидејќи Израел ги контролира граничните премини таму. Законот ќе стапи на сила во јануари.

    Советот за безбедност на ОН предупреди дека секој прекин или суспендирање на работата на УНРВА ќе има сериозни хуманитарни последици за милиони палестински бегалци, како на окупираните палестински територии, така и во соседните земји како Сирија и Либан. Тие го повикаа Израел да се преиспита.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img