Дуа Липа, британска пејачка и текстописец, се најде на насловната страница на новото издание на магазинот „Вог“, за кое дадеинтервју во кое, меѓу другото, се осврна и на своето косовско потекло.
„Вог“ во написот истакнува дека пејачката чувствува голема поврзаност со крајот на нејзините предци, а напишале и дека таму се случувале големи конфликти во последните години од минатиот век. „Нејзините родители, Дукаѓин и Анеса, избегаа од Приштина во 1992 година, бегајќи од насилството, во егзодус во кој околу милион Албанци избегаа од регионот поради систематскиот прогон на етничкото мнозинство во Косово од страна на Слободан Милошевиќ“, напишаа тие.
Според Дуа Липа, таа со семејството се преселила од Косово кога имала 11 години. Преку ноќ, според „Вог“, „од девојка Албанка која сакала да ја викаат „Амбер“ за да звучи поанглиско, таа стана англиска девојка која зборува албански со акцент“. „Кога ги слушнав приказните на пријателите на тетка ми и баба ми за тоа како ги изгубиле татковците и браќата, како биле влечени од нивниот дом во Косово, тие работи длабоко ме потресоа“, се присетува пејачката.
„Дуа, чие име на албански значи „љубов“, се издвојува не само по својот физички изглед, туку и по начинот на кој решила да го искористи влијанието што го има како ѕвезда“, напиша Вог.
„Вог“ пишува дека тоа го припишува на нејзината блиска врска со косовската заедница: “Ми дадоа толку многу. Веруваа во мене кога никој друг не веруваше. Затоа јас, ако можам, сакам да им помагам на други луѓе”, изјави пејачката. Таа истакна дека секогаш е „на страната на угнетените“, што се гледа од нејзината посветеност на правата на бегалците, ЛГБТК правата и еднаквоста на сите раси.
ФОТО: Инстаграм