Една жена и 14-годишно девојче попладневно се извлечени од урнатините пред железничката станица во Нови Сад, каде денеска се урна големата бетонска натстрешница пред влезот.
Спасителите 5 часа се бореле да ги извлечат жената и детето, со кои биле во контакт за целото време. Со кршот се бореле полицајци и пожарникари, со багери и друга градежна механизација.
Двете преживеани се итно пренесени во Клиничкиот центар.
Во големата несреќа загинаа 11 лица.
Утре во Србија ќе биде Ден на жалост поради смртта и страдањето на граѓаните поради уривањето на конструкција од Железничката станица во Нови Сад, соопшти Владата на Србија.