Тагувањето е природен процес кој следи по некоја загуба, а тоа може да биде загуба на личност, домашно милениче, некоја материјална работа што ни е важна итн.
Загубата не е само смрт, туку чувство кое може да се појави кога ќе оставиме некого или кога некој ќе не остави, кога ќе се преселиме во друг град, училиште, работно место итн.
Тагувањето кај децата се одвива на малку поинаков начин, што зависи од детето и неговите карактеристики на личноста, неговата моментална хронолошка и ментална возраст и системот за поддршка што го има во околината.
Родителите често прашуваат како да разговараат со своите деца за смртта и другите загуби и како да им помогнат во процесот на тагување.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.