Најмалку 158 лица загинаа во Шпанија, во страшните поплави што го погодија регионот на Валенсија, а една од жртвите е поранешниот фудбалер на Валенсија, Хозе Кастиљехо.
Кастиљехо не успеа да го спаси животот во елементарната непогода, а по повод неговата смрт се огласи Валенсија, но и шпанската фудбалска федерација.
„Валенсија жали за смртта на Хозе Кастиље, жртва на поплавите. Хозе Кастиљехо израсна во академијата на Валенсија, играше за нашиот тим до 18 години, но играше и за други клубови од регионот“, напишаа од Валенсија.
Освен за Валенсија, Кастиљехо играше и за второлигашот Елденсе, како и за Торе Леванте, Патерна, Рода, Виљамарксант, Колон и Бунол.