На Бен Афлек му пропадна краткотрајниот брак со Џенифер Лопез, но на неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер ѝ „цвета“ љубовта. Сè ѝоди од рака, од познатите нови улоги до нејзиниот љубовен живот.
Сега пристигна и веста дека Џенифер Гарнер се свршила со Џон Милер, извршен директор на една компанија.
И додека сите знаат сè за Бен и Џенифер Лопез со која е во процес на развод, љубовниот живот на Гарнер и Џон Милер е вистинска мистерија.
Меѓутоа, блиски извори велат дека нивната врска е стабилна, за разлика од онаа на Афлек која пропаѓа и прашање на денови е кога и официјално ќе се разведе од Џеј Ло.
Џенифер Гарнер се сврши со Џон шест години откако ја започнаа својата приказна. Во одреден момент се појавија гласини дека се свршиле, но набргу по таа информација раскинаа.
Паузата беше краткотрајна бидејќи сфатија дека не можат еден без друг. Сега, изгледа, врската ја подигнаа на повисоко ниво, откако актерката беше „фатена“ со прстен на нејзината рака.
Тиркизниот камен блеснал додека таа ја држела раката на воланот од автомобилот, а блескавиот прстен во вистински момент го уловија папараците кои случајно се нашле во близина.
Инаку, Џенифер има три деца со Бен. Со нив и Џон оди на патувања надвор од Лос Анџелес, а бизнисменот, како што велат, има одличен однос и со нејзиниот поранешен сопруг.
– Тие се навистина совршени еден за друг. Најсреќни се кога остануваат дома и заедно подготвуваат вечера – открил инсајдер за „ОК магазин“.