More

    Го менувал проектот за само една фирма да ги гради тунелите

    spot_img

    Техничкиот консултант, компанијата „Суес“ која била избрана како техничка подршка во изградбата на автопатот Скопје-Блаце со писма го предупредувал Ејуп Рустеми, поранешниот директор на ЈП за државни патишта, дека трошоците за проектот пораснале од 172 на 240 милиони евра затоа што два пати се менувала проектната документација, рее денеска министерот за транспорт Александар Николоски на собраниската седница на пратенички прашања.

    Тој е категоричен дека нема да се гради автопатот според криминалнен проект.

     

    Николовски од собраниската говорница објави документите со кои, како што истакна, се  потврдува дека проектот намерно се одолговлекувал и се спроведувал на овој начин, со цел една фирма да го добие тендерот за изградба на тунелите.

    – Ова е докумет што прв пат излегува во јавност. „Суес“ на 31 мај му праќа писмо на Ејуп Рустеми, кое што Рустеми го крие, и каде што во точка 4 – трошоци за проектот, се вели дека два пати го менувал проектот и трошоците растат од 172 на 240 милиони евра. Извинете, ама јас криминал на Ејуп Рустеми нема да реализирам. 70 милиони евра плус да се потрошат на македонските граѓани и со 20 % од анексот, и затоа реков до 300 милиони евра ќе оди овој проект, јас тоа нема да го дозволам – рече Николовски.

    Тој покажа и втор документ од „Суес“, од 17.09.2024 испратен до новиот директор на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски.

    – Во точка 1 –услови на референеца за проектирање се вели дека тунелите се намерно погрешно проектирани и не се проектирани согласно европските стандарди. Кога би имало тендер кој би го распишал Ејуп Рустеми, само една компанија може да го добие и да гради такви тунели. Извините, ниту јас, ниту премиерот, ниту Коце, ниту ЕБРД не сме наивни да финансираме криминал. Знаете зошто вака тунелите се проектирани, затоа што само една компанија може вака да го добие проектот. И не зборувам јас, туку зборува „Суес“, најголемата компанија која го градела Суецкиот Канал – истакна министерот Николоски.

     

    Тој рече дека компаниите Јубај 2 Амет, Фрукта Фрута, Кадис Холдинг и Атлантик Дооел се фирмите кои ги купувале плацевите од физички лица каде требало да поминува трасата на автопатот, а притоа плацевите биле препродавани по неколку пати.

    – Никогаш не е направена јавна презентација на 3-те траси, што е законска обврска. Парите за автопатот за прв пат се одобрени во 2019, потврдени 2020 година. Зошто не е објавен теднер во 2021 година? За да може да се продаваат парцелите и за да се намести тендерот само една компанија да го добие и само таа компанија да гради тунели – рече министерот Николоски.

    Тој вели дека автопатско решение од Скопје до Блаце ќе се изгради.

    – Досега автопатско решение нема. Има 2 километри кои започнуваат никаде и завршуваат никаде. Претпоставувам знаете, кога патувате од Приштина кон Скопје знаете дека тие 2 километри не се поврзуваат со постојаниот автопат од другата страна на границата. Добро прашање е како ќе се поврземе кога никаде не се спојуваат, а овие 2 километри кај границата со Косово започнуваат никаде и завршуваат, исто, никаде, бидејќи завршуваат во една дупка од 50 метри – истакна министерот Николоски.

    Тој од собраниската говорница го повика Јавното обвинителство да го истражи случајот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img