Мицкоски најави многу скори реформи во администрацијата

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека реформите на јавната администрација се приоритет на Владата и дека за кратко време на дневен ред во Собранието ќе се дебатира за законските решенија. Тој одговараше на пратеничко прашање на пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ, поранешен министер за внатрешни работи.

– Поврзано со администрацијата, за која администрација сега зборувате, за онаа која на Јово Вукотиќ му даваше пасош или на Седат Пекер. Или оној ваш заменик министер кој отседнуваше во супер луксузни пет ѕвездени хотели во Истанбул во апартмани од 700 квадрати, каде што самиот се снимаше. За што зборуваме сега? Вие побаравте ли тогаш одговорност или како маченца молчевте, како мачиња. Еве ве прашувам, вие сте можеле да го прашате од каде 3.000 евра да плаќаш за ноќевање во овој луксузен хотел? Кој ти ги плати. И знаете дека не е само тоа, да ве потсетам уште што сè е правено или да оставиме тоа да го утврди Панче Тошковски – рече премиерот Мицкоски.

Точно е дека треба реформи во администрацијата и тоа е тема за која што се зборува со децении, додаде тој.

– Во постојана комуникација сум со министерот за јавна администрација и можам да кажам дека она кое што е сработено во овие 120 дена за многу брзо ќе дојде и овде во Собрание и ќе имате можност сите заедно да дебатирате и заеднички да креираме закони кои ќе значат ефикасна администрација – рече тој.

Премиерот Мицкоски нагласи дека администрацијата гледа како тој над нив функционира, па така функционираат и тие.

– Администрацијата работи врз основна на инстинкт. А кој го диктира инстинктот? Тој што ја раководи институцијата. Ако тие се корумпирани и ако тие се мрзеливи, неамбициозни полни со криминал, тоа се рефлектира по вертикала надолу. Тие гледаат како тој над нив функционира и тоа се вика работна дисциплина. Таа работна дисциплина изминатите 7 години беше доведена до еден турски збор, башибозук – рече е Мицкоски.

На денешната собраника седница беше поставено прашање и за компентенциите на новата  директорка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Оливера Трајковска.

– Вие како пратеник господине Спасовски можете овде сè да кажете. Но, вистината е следна, Теолошки факултет со 240 кредити по најновата програма од 2018 година, диплома веродостојна издадена од институција за која може да се провери веднаш. Во 2008 година работела како вероучител во четири основни училишта на територијата на Општина Куманово, била вероучител во камповите за веронаука организирани од страна на Црквата, била вероучител во кампот во Рајчица итн. Така што околу компетенциите, клеветите кои што ги кажавте навистина ќе се воздржам од коментари –  рече денеска премиерот Мицкоски, одговарајќи на пратеничко прашање.

Share This Article