Едно лице загина во невремето што на Тајван го донесе моќниот тајфун Конг Реј.
Во Тајван, воздушниот и железничкиот сообраќај е суспендиран, училиштата и институциите се затворени, но околу 8.600 луѓе се евакуирани во засолништа.
На истокот на Тајван дувале ветрови со брзина до 227 километри на час.
Делови од окрузите Џилан и Хуалијен се поплавени поради силниот дожд.
Повеќе од 70 луѓе се повредени.
Тајфунот помина источно од најсеверната филипинска провинција Батанес пред да стигне до брегот на Тајван. Жителите на северните филипински провинции беа евакуирани еден ден претходно.