Сиљановска Давкова не брза со новиот состав на Комисијата за помилување

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Составот на Комисијата за помилување не даде отказ, туку поднесе оставка од лични и професионални причини, информира шефицата на државата, Гордана Сиљановска-Давкова по напуштањето на должноста од претходните членови во Комисијата за помилување.

Претседателката вели дека води разговори за нови членови на Комисијата и истакна дека никогаш брзо не ги прави работите.

– Треба да бидат вклучени сите профили за да може на крајот на тој процес на помилување, кој почнува во судот, а завршува со потписот, да биде успешен. Разговараме со експерти, луѓе од невладин сектор. Што се однесува со средбата, таа беше неколку пати закажувана и одложувана заради други настани. Мислам дека е добро време да се слушнат мислењата на сите претходни членови на комисиите, за потоа да видиме какви се нивните искуства, сознанија и во кој правец треба да бидат промените – кажа Сиљановска-Давкова како одговор на новинарски прашања.

Според неа, за дел од контроверзните лица кои се најдоа на последната листа со помилувани, се воделе од филозофијата за заштита на човековите права.

– Верував и сѐ уште верувам дека луѓето и кога се во затвор, се луѓе. Можеби се расчовечиле во одредени моменти, но не треба да заборавиме дека тие се граѓани, гласаат и затоа постои правото на помилување. Секој треба да добие шанса за социјализација и ресоцијализација. Судот е должен кога го креира досието за осудениот и оној што бара помилување да ги наведе сите релевантни акти. Ниту јас, ниту Комисијата, ниту Правда не сме истражни органи – додаде претседателката.

Share This Article