Веста дека славната манекенка Жизел Бундшен е бремена на 44 години крена голема прашина. Познатата манекенка вчера беше видена во Мајами како оди на тренинг, а потоа и како шета со кучето покрај плажа. Ова е нејзино прво појавување откако беше објавено дека е бремена. Познатата Бразилка е бремена неколку месеци, како што пишува магазинот „Пипл“, а пред две недели била забележана во истиот град, на фотографиите се гледа труднички стомак кој се обидела да го сокрие од папараците.
Жизел Бундшен на 11 октомври беше фотографирана во Мајами, шест дена подоцна не се појави на ревијата на „Викторијас сикрет“ во Њујорк, иако многумина тоа го очекуваа бидејќи тоа беше големо камбек шоу на кое се појавија многу имиња кои претходно соработуваа со овој бренд. како што се Тајра Бенкс и Адријана Лима.
ТМЗ напиша дека Жизел Бундшен добила покана да учествува во шоуто, но дека одбила, а сега причината е јасна.
Манекенката продолжува да вежба и во текот на бременоста.
Жизел пред медиумскиот бум предизвикан од веста за нејзината бременост, му соопштила на поранешниот сопруг Том Брејди дека е бремена, им кажала и на нивните деца Вивиен (11) и Бенџамин (14) кои многу го сакаат нејзиниот нов партнер Хоаким Валенте, вели извор за „ЈуЕс викли“.
Инсајдерот додал дека инструкторот за џиуџицу веќе некое време живее во куќата на познатата манекенка во Мајами, каде што бил виден пред две недели.
Жизел е вљубена до уши во новиот партнер, пријателите досега не ја виделе ваква.
„Отсекогаш постоела хемија меѓу нив, тие имаат многу заедничко, тие се вљубени веќе извесно време“, рекол изворот.
Дека Жизел Бундшен е во врска со Валенте се шпекулираше уште во ноември 2022 година. Потврда за врската следеше во јуни 2023 година, а таа за „Њујорк тајмс“ во март изјави:
„Многу поинаку. Тој е многу чесен и многу транспарентен“.
Таа тогаш негираше дека го изневерувала поранешниот сопруг со Валенте.
„Тоа е лага, тоа е нешто што им се случува на многу жени кои ќе бидат обвинети кога имаат храброст да напуштат нездрава врска па потоа се етикетирани како неверни“, била експлицитна Жизел.
Жизел и Том Брејди, ѕвездата на НФЛ, беа во брак до октомври 2023 година, во кој добија две деца.