More

    Неколку луѓе загинаа во областите погодени од поплавите што ја погодија југоисточна Шпанија

    spot_img

    Неколку луѓе загинаа во областите погодени од поплавите што ја погодија југоисточна Шпанија, соопшти првиот човек на регионот Валенсија, Карлос Мазон.

    Тој потврди дека дека службите за итна помош ги пронашле мртвите тела, но дека поради почит кон семејствата нема да даде дополнителни информации.

     

    Тропските дождови предизвикани од студениот фронт што се движи низ јужниот и источниот дел на земјата вчера предизвикаа хаос на патиштата и во повеќе градови, поради што властите во најтешко погодените области ги советуваат граѓаните да останат дома и да ги избегнуваат сите патувања.

    Службите трагаат по неколку исчезнати лица.
    Шпанската државна метеоролошка агенција АЕМЕТ прогласи црвен метеоролошки аларм во источниот дел на регионот Валенсија.

    Националниот оператор за железничка инфраструктура АДИФ ги суспендираше брзите возови меѓу Мадрид и источното пристаниште Валенсија поради последиците од невремето.

    „Исто така, брз воз со 276 патници излета од шините во јужниот регион на Андалузија, но нема повредени“, соопшти регионалната влада.

    Невремето прво ја погоди Андалузија. Во Ел Ехида, медитерански град познат по големите оранжерии, град скрши стотици шофершајбни на автомобили, поплави улици и ја оштети претежно пластичната инфраструктура.

     

    Во Алора, исто така во Андалузија, се излеа реката Гвадалорсе и пожарникарите мораа да спасат 14 лица, соопштија властите. Градот Алора денеска се најде на врвот на листата на АЕМЕТ со 160 милиметри врнежи.

     

    Научниците предупредуваат дека екстремните временски услови како топлотни бранови и бури стануваат се поинтензивни како последица на климатските промени, кои се причина за интензивните дождови во источните делови на Шпанија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img