Илјадници Грузијци се собраа вечерва на протести пред парламентот во Тбилиси

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Илјадници Грузијци се собраа вечерва на протести пред парламентот во Тбилиси. Тие  бараат поништување на парламентарните избори кои се одржаа изминатиот викенд.

– Не ги изгубивте изборите. Ви гИлјадници Грузијци се собраа вечерва на протести пред парламентот во Тбилисио украдоа гласот и се обидоа да ја украдат иднината, но никој нема право да го направи тоа и никому нема да му го дозволите тоа – им порача претседателката на грузија, Саломе Зурабишвили на демонстрантите кои вееја грузиски и знамиња на Европската Унија.

Зурабишвили, која има главно церемонијална функција, најави дека ќе продолжи да го застапува патот кон Европската Унија.

– Немаме алтернатива, сакаме да ја оставиме оваа земја на следните генерации – нагласи таа.

Лидерот на коалицијата Обединето национално движење Гиорги Вашадзе изјави дека опозицијата нема да учествува во никакви преговори со власта и оти ќе се залага за нови избори под меѓународен надзор.

– Нема да влеземе во овој парламент. Ги одбиваме сите мандати. Нема да влегуваме во никакви преговори. Ќе се бориме до победа и ви ветуваме дека заедно сигурно ќе победиме, изјави тој.

Централната изборна комисија на земјата соопшти дека партијата Грузиски сон освоила 54,8 отсто од гласовите на изборите.

Грузиската влада и локалната Централна изборна комисија соопштија дека гласањето било фер и слободно, додека набљудувачите велат дека има значителни нерегуларности.

Share This Article