Народниот правобранител на Албанија ќе испитува дали полицијата претерала

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Народниот правобранител на Албанија поведе административна истрага за апсењето на Илир Мета, кој е поранешен претседател на земјата и актуелен лидер на опозициската Партија на слободата.

„Оваа управна истрага се однесува на постапувањето на државната полиција за тоа како е извршен налогот на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција. Истрагата ја започнаа главно инспекторите на Народниот правобранител без да чекаат да добијат официјална жалба од Илир Мета или неговите адвокати“, објави Ора њуз.

Случајот го истражуваат тројца инспектори на правобранителството кои го презеле видеото на кое се гледа моментот на апсењето на Мета од страна на оперативците и припадниците на специјалната единица „Ренеа“.

Мета беше уапсен на 21 октомври на влезот во Тирана, на враќање од Косово, под обвинение за корупција, перење пари и прикривање имот. На обвинувањата од опозицијата за „употреба на прекумерна сила при апсењето“ Министерството за внатрешни работи објави дека припадниците на полицијата му рекле да излезе од автомобилот, но тој одбил, агресивно се однесувал и упатувал навреди кон службениците лица.

Специјалниот суд за корупција и организиран криминал два дена подоцна одлучи да ја остави непроменета безбедносната мерка „затворски притвор“ за Мета, кој ја издржува во затворот „313“, што се смета за затвор со висока безбедност.

Неговиот адвокат Генц Ѓокутај најави дека деновиве ќе поднесе кривична пријава против сите полицајци кои учествуваа во акцијата за апсење, по што се очекува да се надоврзат и Агенцијата за полициски надзор и Обвинителството во Тирана.

Share This Article