НЕ СЕ ПРОПУШТЕНИ ВОЗИЛА БЕЗ ПАРИ Им било дозволено непречено движење, патарините ќе се платат

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Јавно претпријате за државни патишта информира дека не се пропуштени возила на автопатите без да платат, како што обвини денеска СДСМ, туку колоната добила само дозвола за непречено движење. Од претпријатието додаваат дека за патарините клубот што организираше хуманиратен настан ќе добие фактура.

„Во врска со изнесените податоци во медиумите со кои се повикува Јавното претпријате за државни патишта на одговорност заради пропуштање на возила без да платат патарина на наплатните станици Петровец, Сопот, Отовица и Градско, ја известуваме јавноста дека барањето беше поднесено од клубот „The distinguished gentlman`s drive“, за непрекинато движење на конвојот составен од дваесетина возила олдтајмери. Toa им беше одобрено, а барањето за ослободување од плаќање на патарини не беше одобрено и е во фаза на фактурирање“, соопшти преторијатието.

Овој клуб, се додава, годинава по 4-ти пат организираше меѓународен хуманитарен настан. Се работи за глобален собир на историски возила, кој се одржа на 29 септември 2024 година, во 64 држави, во повеќе од 180 градови ширум светот. Целта е подигање на свеста во борбата против машките болести, меѓу кои и рак на простата и секој член на клубот на овој ден донира одредена сума на сметката на клубот во Лондон.

СДСМ денеска покажаа снимки од панорамските камери доставени од свиркачи, на кои се гледа колона возила како помина на паттарина без да плати.

– Има јасни законски ограничувања и никој надвор од овие законски прописи не може да ослободува возила да не платат патарина. Наредбата за овие 40 возила да бидат 240 пати пропуштени низ патарините без да платат ја издал раководителот на наплатна служба, Ванчо Милевски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Врв на ова самоволие е пораката, испратена по апликацијата Вибер, до сите одговорни на гореспоменатите наплатни станици, во која децидно е наредено замислата на раководителот да се спроведе. Ова самоволие и прекршување на законот се случува во време кога се поднесени кривични пријави за 6 вработени во јавното претпријатие дека пропуштале возила на полицајци без да платат патарина. Прашањето сега е дали раководителот Ванчо Милевски ќе сноси одговорност? Дали Коце Трајановски ќе го разреши и дали МВР ќе му поднесе кривична пријава? Или за партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ не важат законите и можат да прават што сакаат? – праша денеска Менде Илиевски од СДСМ.

Share This Article