More

    Дизелот поевтинува, а цената на бензините без промена

    spot_img

    Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги соопшти дека донела одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 отсто во однос на одлуката од 9 мај.

    Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-) се намалуваат за 2,50 денари за литар, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

    Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

    Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,50 (денари/литар)

    Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,50 (денари/литар)

    Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87,00 (денари/литар)

    Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар)

    Мазут М-1 НС 53,848 (денари/килограм)

    Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,77 отсто, кај дизелот има намалување за 3,343 отсто, кај екстра лесното масло намалувањето е за 3,442 отсто и кај мазутот има намалување за 2,142 отсто.

    Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,004 отсто.

    Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги посочуваат дека од полноќ ова се максималните цени на нафтените деривати. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, додаваат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img