Ќе се градат и универзитетот „Мајка Тереза“ и новиот дом на Народна банка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека за 4 месеци ќе продолжи изградбата на зградите на ФИНКИ и на Фaкултетот за физичка култура (ФФК) во рaмки на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и изградбата на објектите на универзитетот „Мајка Тереза“ и новата зграда на Народна банка.

– Ќе го довршиме универзитетот „Мајка Тереза“ и кампусот на овој универзитет, но ќе ги изградиме и објектите на ФИНКИ и на Факултетот на физичка култура кои се сега споменици. Нема да навлегуваме во правци и во уметнички стилови. Тие објекти ќе бидат модерни градби кои ќе имаат своја функционалност и ќе бидат енергетски ефикасни. За четири месеци ќе имаме и таму почеток на градби – рече Мицкоски.

Тој потсети дека на зградите на ФИНКИ и на ФФК се многу руинирани.

Share This Article