Руте потврди дека севернокорејци се борат во Украина

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Можам да потврдам дека севернокорејски војници се испратени во Русија, а некои од нив се стационирани во регионот Курск, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Марк Руте по заедничкиот состанок на Северноатлантскиот совет и претставниците на министерствата за разузнавање и одбрана на Јужна Кореја во седиштето на алијансата во Брисел.

Руте ги опиша овие акции како „значајна ескалација“ на војната во Украина и во име на НАТО повика тие веднаш да бидат прекинати.

Според него, продлабочувањето на врските меѓу Москва и Пјонгјанг е безбедносна закана.

– Пјонгјанг испорача милиони парчиња муниција на руската страна и поддржува конфликт во срцето на Европа, а со тоа го загрозува светскиот мир – истакна Руте.

Според него, испраќањето севернокорејски војници во Курск го покажува „растечкиот очај“ на рускиот претседател Владимир Путин.

– Околу 600.000 руски војници се ранети или убиени од почетокот на инвазијата на Украина, Русија не може да ја продолжи војната без надворешна поддршка – резимира Руте.

Share This Article