Премиерот, Христијан Мицкоски денеска изјави дека не го добил писмото од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за кое претходно информираа Интегративците преку допис до медиумите.
– Не сум го добил, кога ќе го добијам ќе го коментирам – изјави Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот потоа додаде и дека дневно добива многу писма, пораки и со големо внимание пристапува во комуникацијата со граѓаните.
– Ахмети е граѓанин како и сите други граѓани и мора да се посвети внимание на секое писмо. Како што рече и вицемпремиерот Изет Меџити, ние не играме фудбалчиња, работиме и сме одговорни – додаде Мицкоски во насока на тоа дека писмото не стигнало до него.