More

    Хрватското Министерството за труд на почетокот на идната година ќе предложи нов Закон за пензиско осигурување со кој се планираат низа измени во пензискиот систем, меѓу кои и  продолжување на работниот век

    spot_img

    Хрватското Министерството за труд на почетокот на идната година ќе предложи нов Закон за пензиско осигурување со кој се планираат низа измени во пензискиот систем, меѓу кои и  продолжување на работниот век.

    Законот, како што објавија тамошните медиуми, ќе се подготвува според планот за работа на Владата на Пленковиќ, во кој се посочени неколку претходно познати измени: зголемување на додатокот на мајчинската пензија, нова формула за усогласување на пензиите и воведување постојан додаток на пензијата – таканаречена 13-та пензија, чија висина би зависела од должината на работниот век.

    Повод за овие реформи во пензискиот систем е анализата на Светска банка во која се тврди дека во наредните години и децении ќе има дополнителен пад на пензиите во однос на платите доколку Хрватска не започне „сеопфатна реформа која вклучува популарни и непопуларни мерки“.

    Реформата на пензискиот систем опфаќа опфаќа популарни и негативни мерки, но има и брза и бавна верзија на подигање на старосната граница.

    Популарни мерки би биле нова формула за усогласување на пензиите, ново 3% зголемување на најниските пензии и зголемување на пензискиот додаток од 4 на 27% и од 7 до 30% за работничките пензии. Непопуларните мерки првенствено се однесуваат на продолжување на работниот век.

    Во бавната фаза, прво во периодот до 2032 година за мажи и до 2038 година за жени, старосната граница за предвремено пензионирање би се зголемила на 62 години, а потоа по 2038 година постепено би се зголемувал работниот век за целосна старосна пензија до 67 години.

    Брзото темпо на подигање на старосната граница за предвремено пензионирање на 62 години и старосната граница за целосно пензионирање на 66 години и 6 месеци треба да се спроведе во следните 5 години, до 2030 година.

    По брзиот почеток, подоцна работниот век автоматски би се зголемувал, во зависност од продолжувањето на животниот век, приближно 1,5 месеци годишно. Веќе во 2039 година луѓето би се пензионирале на 68 години, а до 2063 година би работеле најмалку до 72 години.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img