More

    Полицијата во Младеновац уапсила тројца мажи кои во саботата вечерта се обиделе да ја запалат куќата на семејството на Урош Блажиќ, масовен убиец во селата Мало Орашје и Дубона

    spot_img

    Полицијата во Младеновац уапсила тројца мажи кои во саботата вечерта се обиделе да ја запалат куќата на семејството на Урош Блажиќ, масовен убиец во селата Мало Орашје и Дубона, пишува српски Телеграф.

    Тројцата мажи наводно со автомобил „фиат“ се упатиле до куќата на Блажиќ во Дубона и се обиделе да го запалат објектот. Но, пожарот зафатил само сува трева, а полицијата успеала да го изгасне пожарот пред доаѓањето на пожарникарите.

    Осомничените бргу биле запрени, уапсени и приведени на распит.

    За потсетување, крвавиот напад на Блажиќ во селата кај Младеновац се случи во мај 2023 година, само еден ден по пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград. Блажиќ започнал да убива во Мали Орашје, а потоа се упатил кон Дубона. Напаѓачот побегнал по масакрот, а потрагата по него траела до раните утрински часови кога бил пронајден на 50 километри, во близина на Крагуевац.

    Урош убил 9 лица, а ранил 14 други.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img