Актерката Медисон де ла Гарза (22) која играше во познатата серија „Очајни домаќинки“, на Инстаграм објави дека го загубила бебето.
Имено, нејзиното бебе починало веднаш по породувањето со итен царски рез.
„На 27 септември, по итен царски рез, јас и Рајан го држевме нашето девојче прв и последен пат. Ти благодариме, Ксиомара, што нè направи родители на најсовршениот ангел на небото. Те сакаат мама и тато, наше слатко девојче“, напиша таа на својот инстаграм-профил.
Познатата пејачка Деми Ловато објави исто така срцепарателна порака:
„Многу те сакам Ксиомара. Ангел во секоја смисла на зборот. Секогаш ќе бидам твоја тетка“, напишала таа.
Да потсетиме, Медисон е во брак со колегата Рајан Мичел. Во серијата „Очајни домаќинки“ играше како девојче, ќерка на Габриела Солис (Ева Лонгорија), Хуанита.