More

    Вагони на кабел ќе лебдат над Париз

    spot_img

    Парижани наскоро ќе можат низ својот град да се движат преку електрична жичница, или „cable car“, вагони кои на кабел ќе лебдат над бурниот сообраќај и ќе треба да им дадат алтернатива на пешаците. Рутата вклучува 4,5 километри кои жичницата ќе ги помине за 17 минути, што е половина од времето кое е потребно за да се стигне со автобус. Еколошката жичница ќе го намалува загадувањето и инженерите се надеваат дека ќе ги премисли луѓето да не ги користат автомобилите.

    Градот Париз размислувал и за трамвај, исто како Скопје. Но, трасата не е целосно рамна, минува низ автопат, железница и магацини … Електичната жичница ќе го реши овој проблем минувајќи над овие пречки, а земјата долу би можела да биде претворена во зеленило. Проектот ќе чини 132 милиони евра, што е релативно евтино за Париз, а треба да биде отворена во 2025 година. За споредба, БРТ системот кој треба да биде изграден во Скопје чини 70 милиони евра.

    Инженерите мислеле и на приватноста на луѓето, во случај некој од вагоните да се приближи до нечиј прозор од нечиј стан или куќа. Тогаш стаклата на вагонот ќе се затемнат.

    Новиот кабел-систем не е прва ваква жичница во Франција. Во 2012 такво нешто се отвори и во Лондон, а во 2016 и во Брест. Најголемата ваква жичница е во Боливија, каде има 10 линии кои се опфаќаат над 30 километри должина.

    Сега редот е на Париз. Градоначалничката Ана Хидалго вети „еколошка трансформација“ на градот. Меѓу другото Париз ќе ги преполови своите паркинг места за да ги натера Парижани да не возат толку. Наместо тоа, ќе се отворат 180 километри нови велосипедски патеки.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img