More

    Средба на вицепремиерката Грковска со претседателот на Естонија Карис: Дигитализацијата е предуслов за ефикасно и транспарентно општество

    spot_img

    На маргините на дигиталната конференција „E-governance“ што се одржува во Талин, Естонија, заменик-претседателката на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска имаше средба со претседателот на Естонија Алар Карис, со кој разговараа за предностите што дигитализацијата на општеството ги обезбедува за сите граѓани.

    Вицепремиерката Грковска се заблагодари за поддршката што Естонија и ја дава на Република Северна Македонија во процесот на дигитална трансформација на општеството, процес за кој македонската Влада е цврсто определена да го реализира со цел да изгради професионален, ефикасен и отчетен систем во сервис на граѓаните.

    Претседателот Карис оцени дека е многу важно државата да има координиран пристап во сите чекори што ги презема во делот на дигитализацијата и нагласи дека искуството на Естонија може да помогне во сите фази на дигитализацијата. Тој потенцираше дека секоја држава, вклучително и Естонија, во спроведувањето на оваа реформа се соочува со предизвици, но со позитивен пристап тие секогаш се надминуваат.

    Двајцата соговорници се согласија дека дигитализацијата носи многу предности, особено за граѓаните во чиј интерес е да имаат ефикасни и брзи услуги.

    Она што е важно, оцени вицепремиерката Грковска, е граѓаните да имаат доверба во институциите на системот, а тоа може да се постигне со транспарентно работење во интерес на граѓаните.

    Дигитализацијата, додаде таа, освен што ја зголемува ефикасноста на институциите, но и на услугите, обезбедува и транспарентност во работењето на државните органи, што е клучно за принципот на добро владеење.

    Вицепремиерката Грковска, во рамки на Проектот за унапредување на дигитализацијата на Република Северна Македонија, а во соработка со естонскиот Центар за меѓународен развој и со поддршка на Соединетите Американски Држави, е во тридневна посета на естонските институции кои се носители на естонското дигитално општество.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img