More

    Познатиот режисер и актер куртули во случајот со Гага Антонијевиќ

    spot_img

    Судот во Белград денеска го прогласи актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ (60) за виновен за физички напад на својот колега Предраг Гага Антонијевиќ.

    Бјелогрлиќ првостепено е осуден на условна казна од шест месеци, со две години пробен период, пишува српски „Блиц“.

    Актерот беше обвинет за физички напад на Антонијевиќ во август 2021 година. Судењето започна во март минатата година, а актерот тогаш се изјасни за невин.

    Инцидентот се случил во хотелот „Амбасадор“ во Ниш кога Бјелогрлиќ физички нападнал колега, а тепачката ја потврдија снимките од надзорните камери на хотелот.Адвокатите на Бјелогрлиќ тврдеа дека тоа е само дел од снимката која не ја прикажува целата ситуација и дека актерот доживеал медиумски линч.

    Одбраната на Бјелогрлиќ истакна дека по инцидентот во хотелот, актерот дал изјава во полиција и дека потоа бил пуштен, а следниот ден бил пречекан од наслови на весниците со наводи кои ги сметаат за неточни. Весниците тогаш пишуваа дека Антонијевиќ бил нападнат од зад грб.

    Бјелогрлиќ по инцидентот изјави дека физички го нападнал режисерот на филмот „Дара од Јасеновац“ затоа што Антонијевиќ го испровоцирал.

    Антонијевиќ, пак, рече дека ситуацијата е обратна, а обвинетиот го испровоцирал бидејќи му пречел споменатиот филм.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img