More

    Еве колку неработни денови нѐ очекуваат во 2025 година

    spot_img

    Календарот за 2025 година со сите неработни денови и државни празници е веќе подготвен. Проверете колку продолжени викенди нè очекуваат во 2025 година и испланирајте си ги однапред.

    За сите кои сакаат да ги организираат неработните денови за 2025, календарот со празници е достапен.

    Во 2025 година ќе има вкупно 4 продолжени викенди за сите граѓани, а за граѓаните од православна вероисповед – 6 продолжени викенди.

    Имајте предвид дека 2025 има помалку продолжени викенди од 2024, затоа планирајте си однапред за да ги искористите на најдобар начин.

    Во продолжение може да ја погледнете листата со неработни денови и државни празници во 2025 година:

    За сите граѓани:

    • 01 јануари (среда), Нова Година,
    • 07 јануари (вторник), Божик,  првиот ден на Божик според православниот календар,
    • 30 март (недела), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 01 април (понеделник) е неработен ден,
    • 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
    • 01 Мај (четврток), Ден на трудот,
    • 24 Мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,
    • 02 Август (сабота), Ден на Републиката,
    • 8 Септември (понеделник), Ден на независноста,
    • 11 Октомври (сабота), Ден на народното востание,
    • 23 Октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба,
    • 8 Декември (понеделник), „Св. Климент Охридски”.

    За граѓаните од православна вероисповед:

    • 06 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик,
    • 19 јануари (недела), Богојавление (Водици),
    • 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
    • 6 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
    • 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

    За граѓаните од католичка вероисповед:

    • 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
    • 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци,
    • 25 декември (четврток), првиот ден на Божик.

    За граѓаните од муслиманска вероисповед:

    • 6 јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

    За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ:

    • 22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука

    За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ:

    • 27 јануари (понеделник), Свети Сава

    За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ:

    • 08 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите

    За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ:

    • 23 мај (петок), Национален ден на Власите

    За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ:

    • 2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

    За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РСМ:

    • 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

    За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ:

    • 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img