Албанскиот премиер Еди Рама утре во Њујорк ќе одржи уште една од најавените серија средби со албанската дијаспора, што ги почна во мај годинава

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Албанскиот премиер Еди Рама утре во Њујорк ќе одржи уште една од најавените серија средби со албанската дијаспора, што ги почна во мај годинава.

Тој веќе е во Њујорк и споделувајќи фотографии со објекти на кои се поставени плакати за средбата, што ќе се одржи под мотото „Горд за Албанија“, тој ја коментираше и политичката ситуација во земјата.

„Во Њујорк на средба со Албанците од Америка. Горд за Албанија, за која денес се зборува во суперлатив насекаде во светот и целосно свесен за извонредните предизвици на патот до врвот во 2030 година кога со моќта на нашиот сојуз, и покрај политичко-медиумската борба во Тирана, ќе го кренеме знамето на Скендербег и Исмаил Ќемали (прв албански премиер кој ја прогласил независноста на земјата) во дворот на Европската Унија“, напиша Рама.

На средбите, кои, како што вели, се дел од напорите на неговата влада за одржување контакти со албанската дијаспора, покрај другото, ќе се зборува и за начинот на гласање на дијаспората, што ќе се случи за првпат на парламентарните избори кои напролет ќе се одржат во Албанија..

„Утре попладне, сабота 26 октомври, на првата средба по воспоставувањето на правото на секој Албанец, надвор од Албанија, да гласа од каде што живее, надвор од татковината, да ги избере правецот и раководството на државата за наредните четири години“, наведува Рама.

Тој ја одржа првата средба со албанската дијаспора во Атина на 12 мај, по што на 26 истиот месец одржа средба и во Милано. По Њујорк, повторно, на 3 идниот месец, ќе се сретне со албанската дијаспора во Грција, но овој пат во Солун, по што ќе следуваат средби во Лондон и во Минхен.

Share This Article