Млада девојка вчера попладне со автомобилот удрила возрасна жена на патот кон селото Горно Којнаре, по што повредената жена починала во болница

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Млада девојка вчера попладне со автомобилот удрила возрасна жена на патот кон селото Горно Којнаре, по што повредената жена починала во болница. Во сообраќајката е повредена и девојката што возела.

„На 24.10.2024 во 16.25 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локалниот пат кон Горно Којнаре, Кумановско, патничко возило сузуки со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.П.(21) од селото Горно Којнаре, удрило во С.Ѓ.(77) од селото Матејче. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ѓ. констатирани во Општата болница Куманово, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза, каде подоцна починала. Со телесни повреди се здобила С.П.“, соопшти полицијата.

Извршен е увид на местото на настанот.

Share This Article