Николоски имаше работна средба со амбасадорката на Романија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте денеска на средба, меѓу останатото, разговарале за можностите за воспоставување директна авиолинија Скопје-Букурешт како и поврзување со аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.

На средбата на Николоски и Аксинте за актуелните политички и економски односи меѓу двете земји, акцент бил ставен на економската соработка и инвестициите.

„Министерот Николоски ја запозна амбасадорката со владината агенда во делот на реализација на капиталните проекти, потенцирајќи ги инфраструктурните проекти. Исто така тој додаде дека Владата е посебно фокусирана на квалитетно и брзо поврзување со земјите од Централна Европа. На средбата се разговараше и за воспоставување на директна авиолинија Скопје-Букурешт како и поврзување со аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид“, информира Министерството за транспорт и врски.

Како што информираат од Министерството за транспорт, било истакнато и прашањето за процесот на реформи што се спроведуваат како дел од интегративниот пат на земјата во Европската Унија, при што министерот Николоски потенцирал дека Владата е максимално посветена за обезбедување на забрзан економски развој и унапредување на владеење на правото и борбата против корупцијата.

Share This Article