Гаврило Глоговац (26), син на починатиот српски актер Небојша Глоговац, бил нападнат во Белград, јавуваат српските медиуми. Полицијата брзо реагирала и ги идентификувала напаѓачите. Нападот се случи во понеделник наутро во Нов Белград. Напаѓачот му пришол и по кратка расправија го удрил со тупаници по главата на автобуската станица, при што му го скршил горниот заб.
Откако полицијата ги привела, едниот од напаѓачите признал дека на 21 октомври околу 01:30 часот на улицата Париска Комуна излегол од автомобилот што го управувал негов пријател, а потоа со тупаница го удрил синот на Глоговац во пределот на главата, пишува српски „Телеграф“.
– Тоа го направив под дејство на алкохол, се каам и не го познавам од порано, а не сме биле ниту во конфликт – рекол тој.
Гаврило Глоговац е роден во 1999 година и го живее животот далеку од очите на јавноста и камерите, а малку се знае за него. Од друга страна, помладиот син на Глогов, Милош, роден во 2001 година, завршил петта белградска гимназија и тргнал по актерските стапки на својот татко.
Српскиот актер Небојша Глоговац почина во 2018 година, на 49-годишна возраст, по борба со тешката болест поради која беше и хоспитализиран. Имаше три деца, Гаврило и Милош од првиот брак со сликарката Мина Глоговац и ќерката Сунчица која е родена во 2016 година во врска со Милица Шќепановиќ.