More

    Познатиот српски актер Сергеј Трифуновиќ ја пријавил сопругата за семејно насилство

    spot_img

    Познатиот српски актер Сергеј Трифуновиќ ја пријавил сопругата за семејно насилство, јавија српските медиуми. Сергеј повикал полиција и рекол дека претрпел семејно насилство од сопругата Исидора Мијатовиќ, со која се ожени во мај.

    Расправијата се случила околу 22 часот во стан во Вождовац, белградска населба. Пред инцидентот двајцата беа забележани на промоција кај раперката Сајси МС.

    Според медиумите, Трифуновиќ и неговата сопруга се скарале, а кога тој рекол дека ќе ја остави и ќе го напушти станот, таа почнала да му се заканува.

    Се јавил во полиција и рекол дека трпи насилство од сопругата Исидора, која наводно се заканувала дека „ќе скрши сè во станот“.

    Двајцата биле сослушани во полиција, а притоа било утврдено дека Исидора Мијановиќ нелегално престојува во Србија, со оглед на тоа дека е државјанка во Хрватска. Таа во моментот е во имиграцискиот центар.

    Таа ја напуштила полициската станица и наскоро ќе биде однесена на хрватската граница, каде некој ќе треба да дојде да ја земе.

    Инаку, парот пред неполни седум дена се венча граѓански.

    Парот официјално стапи во брак на 16 октомври.

    „Би можел да се оженам за тебе секој месец“, напиша тој во описот на една од најавите за свадбата.

    Исидора е 23 години помлада од актерот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img