Избрани првите десет финалисти на Евровизија, најголеми овации за Украина
Швајцарија, Литванија, Ерменија, Исланд, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија се првите десет финалисти на овогодинешниот избор за песна на Евровизија во Торино.
Претставниците на тие десет земји добија најмногу гласови од публиката во синоќешното полуфинале.
Финалистите беа прочитани по случаен редослед, па не се знае кој изведувач добил најмногу гласови, но најголемите овации во торинската арена очекувано добија Калуш Ошестра од Украина.
Претставничката на Хрватска, Миа Димшиќ не се пласираше во финалето.
Според обложувалниците, тие се убедливи фаворити за победа на овогодинешното натпреварување.
Втората полуфинална вечер е закажана за четврток, кога за пласман во финалето ќе се бори претставникот на Србија – Констракт.
Покрај Србија, во четврток ќе настапат Финска, Израел, Азербејџан, Грузија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Северна Македонија, Естонија, Романија, Полска, Црна Гора, Белгија, Шведска и Чешка.
Според пропозициите на натпреварот, Германија, Шпанија, Велика Британија, Франција и домаќинот Италија, членови на таканаречената „Големата петорка“ на Евровизија, автоматски се пласираа во финалето во сабота.