More

    Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја вели дека денешниот напад врз турската воздухопловна компанија „ТУСАШ“ најверојатно е поврзан со Курдистанската работничка партија

    spot_img

    Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја вели дека денешниот напад врз турската воздухопловна компанија „ТУСАШ“ најверојатно е поврзан со Курдистанската работничка партија (ПКК), јавува Би-Би-Си. Бројката на жртви, според најновите информации на министерството порасна на пет лица, а бројката на повредени од 14 на 22 лица.

    Непосредно пред говорот на Јерликаја, турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер, исто така, се обиде да ја обвини курдската бунтовничка група, велејќи им на новинарите:

    – Ние секој пат на овие членови на ПКК им ја даваме казната што ја заслужуваат, но тие никогаш не се вразумуваат. Сè уште немаме официјална потврда за тоа кој е одговорен, а ПКК не презеде одговорност за нападот.

    Јерликаја изјави дека полицијата ќе ги сподели доказите штом ќе бидат разјаснети по увидот.

    По наодот се појавија голем број снимки кои прикажуваат напаѓач кој пука во зградата и експлозија гледана однадвор. Снимките не се уште потврдени.

    Денешниот напад се случи во време кога во Турција се дебатира за можно обновување на мировните преговори со ПКК.

    Исто така, нападот се случи еден ден откако владиниот сојузник Девлет Бахчели рече дека лидерот на ПКК Абдула Оџалан треба да го објави „укинувањето“ на забранетата група во парламентот, што ќе значи предлог за негово ослободување од затвор.

    ПКК се забранети како терористичка група во Турција, САД и во Велика Британија.

    Повеќе светски лидери денеска изразија сочувство до Турција и го осудија нападот.

    „ТУСАШ“ е државна компанија за оружје и авио-технологија со седиште во близина на Анкара. Оваа компанија произведува воени и цивилни авиони и хеликоптери, како и системи за беспилотни летала за турските вооружени сили и за странски пазари.

    Според официјалниот веб-сајт, „ТУСАШ“ е основана за да ја намали зависноста на Турција од увоз на авио-технологија за воени потреби.

    Како членка на НАТО, Турција ја определи компанијата како лиценциран производител на американските борбени авиони Ф-16, а исто така има важна улога во модернизацијата на постарите авиони за потребите на турската војска.

    Главни сопственици на оваа компанија се турските вооружени сили и цивилната агенција на турската влада.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img