Вчера попладне околу 18 часот ограбена е филијала на финансиско друштво за брзи кредити, лоцирана на булевар „Крсте Петков Мисирков“ во Скопје, објави ТВ21. Веста ја пренесоа повеќе медиуми.
Според неофицијалните информации, разбојниците упаднале со огнено оружје и одзеле околу 300.000 денари.
Се очекува за случајот да се огласат МВР и надлежните институции.