В четврток во посета на земјата доаѓа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Поради тоа СВР Скопје испрати соопштение за посебен режим на движење во поширокото централно подрачје на градот.
„ВР Скопје ги известува граѓаните дека на 24. октомври 2024 година (четврток) ќе се спроведат мерки за посебен режим на сообраќајот во поширокото централно подрачје на градот. Овие мерки се преземаат поради официјалната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен“, информираат од полицијата.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе неопходни мерки за да се осигура безбедноста на посетителите и граѓаните. До граѓаните се упатува апел да ги почитуваат наредбите на полициските службеници и да бидат внимателни во однос на промените во сообраќајот во овој период.