Пицерија со седиште во германскиот град Дизелдорф се најде во центарот на полициската истрага за продажба на дрога.
Според германската полиција, пицеријата испорачувала пици, но и кокаин, кој на менито се нудел како „пица бр.40“.
„Таа беше една од најпродаваните пици“, соопшти германската полиција, пренесува Дојче Веле.
Кога на вратата му заѕвонила полицијата, сопственикот на пицеријата фрлил торба полна со дрога низ прозорец, по што бил уапсен.
Два дена по апсењето, тој бил ослободен од затвор и повторно почнал да нуди „пица бр. 40“, што и помогнало на полицијата да ги идентификува и останатите учесници во синџирот.
Во акцијата се уапсени 15 лица, од кои 3 се осомничени дека набавиле дрога. Запленети се 1,6 килограми кокаин, 400 грама канабис и 268.000 евра во кеш.
Во истрагата учествувале 150 полицајци.