Доставен е извештај до Министерството за здравство и до Лекарската комора

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Сакам повторно да нагласам дека како директор на Универзитетската Клиника за респираторни заболувања кај децата Козле веднаш формирав стручна комисија на клиниката која го разгледа целиот случај и не најде никаков лекарски стручен пропуст во третманот, следењето и лекувањето на пацентот“.

Ова го соопштија директорката,д-р Каролина Симоновска, и стручниот колегиум на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“.

„Веднаш потоа во два наврата се состана и стручниот колегиум кој се согласи со извештајот на комисијата на клиниката (во прилог е доставен детален извештај од клиниката со бројна медицинска документација која сведочи за преземената лекарска грижа, истата е доставена уредно и до Министерството за здравство и во лекарската комора).

Уште еднаш би сакала да информирам дека пациентот во нашата клиника е веднаш прифатен, направени се бројни анализи, поставен на терапија според интерните протоколи на клиниката, постојано следен, мониториран и под кислородна подршка која е контролирана и мониторирана, а поради невообичаеното рапидно и прогресивно влошување на состојбата на детето, истото беше препратено на КДБ (Клиника за детски болести) по претходен договор и најава со дежурниот педијатар, со организиран транспорт на ИМП (итна медицинска помош) во придружба на лекар и медицинска сестра, во согласност со интерниот протокол за префрлување болно дете во друга институција за продолжување на лекувањето.

Стручната комисија како и едногласноста на колегиумот се мој императив дека во нашата клиника е преземено сѐ во третманот на детето.

Истовремено сакам да информирам дека како директор на оваа клиника, во тек на само 2.5 месеци превземени се сериозни организациски чекори, план и првична програма за реорганизација на одделот за интензивна нега и терапија, според законските прописи дадени од АКЗУМ. Унапредување на одделот со детален план за доопремување со апаратура за неинвазивна и инвазивна респираторна подршка и веќе е договорен тим на лекари специјалисти кои ќе бидат испратени на адекватна обука.

Клиниката за респираторни заболувања кај децата ‘Козле’ поседува интерни клинички протоколи според Медицината базирана на докази кои се спроведуваат децении наназад кај сите наши пациенти“, се наведува во соопштението.

Share This Article