More

    Во телото на пејачот пронајден „розов кокаин“, полицијата трага по дилерите

    spot_img

    Објавен е токсиколошкиот извештај на трагично загинатиот Лиам Пејн. Пејачот имал траги од комбинација на повеќе дроги во своето тело, вклучително и „розов кокаин“, кога паднал од третиот кат на хотелот „КасаСур“, според извештаите на аргентинската полиција.

    Прелиминарните резултати од токсиколошките тестови на посмртните останки на Пејн открија траги од кокаин, бензодиазепини, крек кокаин и „розов кокаин“, кој е комбинација од метамфетамин, кетамин и МДМА.

    „Делумната обдукција откри дека Лијам Пејн имал повеќе супстанции во неговиот систем кога паднал од балконот на третиот кат од неговата хотелска соба во Буенос Аирес“, се вели во извештајот.

    Поранешниот пејач на „Уан дирекшн“, Лиам Пејн, почина на лиџе место од повеќе повреди, вклучително и фрактура на черепот.
    Вработените во хотелот во Буенос Аирес каде Лијам Пејн почина по падот се под истрага за наводно снабдување на пејачот со тешки дроги во деновите пред неговата смрт. Мажите се обвинети дека шверцувале разни наркотици во апартманот на пејачот во хотелот „КасаСур“ во луксузниот кварт Палермо.

    Се верува дека двајца членови на персоналот ја сокриле дрогата во кутија за сапун, која детективите ја пронашле во собата на Лиам по неговата смрт. Се верува дека раководството на CasaSur било свесно за невообичаеното однесување на двајцата вработени и дека еден од вработените бил отпуштен.

    Детективите ги испрашувале и вработените за нивната можна улога во смртта на пејачот.

    „Во хотелот имало двајца мажи кои му доставувале дрога на Лиам. Праќале такси да преземаат пакети за него. Еден од тие мажи работел во одделот за чистење“, открил близок пријател на Лиам Пејн.

    Полицијата трага по дилери кои го снабдувале пејачот со наркотици.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img