More

    Најбизарното видео на славната пејачка

    spot_img

    Светски познатата пејачка Бритни Спирс деновиве ја шокира јавноста со своите бизарни видеа и фотографии на мрежите.

    Поп принцезата Бритни Спирс објави бизарно видео на Инстаграм во кое ги извести следбениците дека повторно се омажила – за себе.

    Пејачката во видеото носела бел венчален фустан и вел и рекла дека тоа е „најбрилијантното нешто“ што некогаш го направила.

    – Денот кога се омажив самата со себе. Го враќам ова бидејќи на другите можеби им изгледа срамно или глупаво, но мислам дека тоа е најбрилијантното нешто што сум го направила – рекла пејачката и го исклучила коментирањето на видеото на својот инстаграм-профил.

     

    Потоа, таа објави ново видео во кое позира во бел фустан и им откри на фановите дека патува на островот Туркс и Каикос, најверојатно на меден месец, но не сакала да сподели детали и ги исклучила коментарите на двете видеа.

     

    Да потсетиме, Бритни зад себе има три пропаднати брака. Таа се омажи за Џејсон Александар во 2004 година, а 55 часа по венчавката го поништија бракот. Истата година се омажила за Кевин Федерлајн, со кого има две деца, а се разделиле три години подоцна. Минатата година се разведе од Сем Асгари, со кого се омажи во јуни 2022 година, по пет години врска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img