Пониски цени од полноќ за горивата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Регулаторната комисија за енергетика ги намали малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,08%.

Според одлуката, малопродажните цени на бензините се намалуваат за 1 денар по литар, а на дизелот за 2 денари. Цената на нафтата за греење се намалува за 2,50 денари, а на мазутот за 0,639 денари по килограм.

Од полноќ бензинот „еуросупер 95“ ќе чини 77 денари литар, а „еуросупер 98“ ќе се продава по цена од 79 денари. Цената на дизелот ќе изнесува 68,50 денари, а на маслото за греење ЕЛ-1 ќе изнесува 68 денари

Мазутот ќе се продава по цена од 42,573 денари по килограм.

Share This Article