Ќе му најде ли некој пак мана на тендерот?

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Државната компанија „Номагас“ објави тендер за избор на изведувач на градежни работи за изградба на гасовод за интерконекција помеѓу Македонија и Грција. Проценетата вредност на градежните работи без ДДВ изнесува 83,6 милиони евра, а постапката е отворена.

Според тендерот, компанијата која ќе биде избрана ќе треба да го заврши гасоводот во должина од 67 километри за 3 години. Крајниот рок за прием на понудите е 20 ноември.

Постапката за избор на изведувач на работите може да трае најмалку 3 месеци. Претходно Министерството за енергетика најави дека изградбата ќе почне напролет, а ќе треба да се забрза нејзиното завршување.

Ова е втор тендер за изградба на гасоводот. Првиот кој беше распишан лани во ноември беше неуспешен, бидејќи кредиторот Европската банка даде техничка забелешка во тендерот. На тендерот се јавија 5 компании од кои 4 странски конзорциуми и една домашна компанија.

Гасоводот што ќе ги поврзува Солун и Неготино е со должина од 123 километри и треба да обезбеди второ поврзување на земјава со гас од Грција кој нема да има руско потекло. Планирано е почетниот капацитет да биде 1,5 милијарди кубни метри годишно, со можност за проширување до 3 милијарди кубни метри годишно. Гасоводот покрај транспорт на гас треба да има можност и за транспорт на водород.

Нашиот дел од гасоводот кој треба да ја поврзе границата со Грција и Неготино е со должина од 67 километри. Првично цената на изградбата на овој дел од гасоводот беше проценета на 57 милиони евра, но подоцна таа достигна 83 милиони евра, а парите се обезбедени од меѓународните финансиски институции, од кои 28,9 милиони евра се кредит од Европската инвестициска банка, 16,5 милиони евра од Европската банка за обнова и развој и 12,425 милиони евра од ВБИФ инвестициски грант и од останати кредитори.

Интерконекторот за природен гас меѓу Македонија и Грција се најавува од 2016 година како еден од најзначајните енергетски објекти кој треба да овозможи диверзификација на снабдувањето со гас и беше предвидено да виде завршен во првата половина на 2025 година.

Атина и Скопје потпишаа договор во септември 2021 година во Солун, во присуство на американскиот амбасадор, што ја нагласи геополитичката важност на проектот, но сè уште не е почната неговата изградба во земјава.

На овој гасовод се надеваат и Србија и Косово кои исто така најавија конекција со македонскиот гасовод кој ќе снабдува со гас и водород преку Грција.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article