Тропската бура Оскар напредуваше на истокот на Куба откако на копно достигна брзина од околу 120 километри на час и падна на копното на островот кој веќе некое време е без струја.
Центарот на бурата Оскар се движеше во правец запад-југозапад, соопшти американскиот национален центар за урагани во Мајами.
Оскар синоќа падна на копно во источната провинција Гвантанамо, во близина на градот Баракоа, со ветрови до 120 километри на час, што предизвика обилни врнежи од дожд кои предизвикаа поплави.
Кубанските медиуми објавија дека бранови од два метри го погодиле брегот и дека се оштетени покривите и ѕидовите во Баракоа.
Се очекува дека невремето денеска ќе ги помине островите и утре ќе се приближи до централните Бахами, според американските синоптичари.
Од петокот на целиот остров Куба нема струја. Производството на струја е обновено во некои електрични станици, но повеќето жители сè уште немаат струја во своите домови.