Во предградијата градот Селидове, источна Украина, се водат улични борби помеѓу руските сили и украинските трупи, јавија проруски блогери.
Изминатите недели руската армија опколи неколку градови во Доњецк, принудувајќи ги украинските сили на повлекување.
„Во градот се водат борби за секоја улица, една по една. Зголемен е интензитетот на нападот врз Селидов“, објави познатиот проруски блогер од Украина, Јуриј Подољак.
Борбите во Селидове досега не ги коментираше ниту Москва ниту Киев.
Русија во моментот контролира околу 80% од Донбас и напредува на запад кон тактички важните центри Покровск и кон Курахова.
Руските сили окупираа една петтина од Украина и контролираат 98,5% од Луганск и 60% од Доњецк.