More

    Економските показатели се позитивни, СДСМ и овој пат промашува

    spot_img

    Економијата се стабилизира, слободното паѓање е запрено. Единствена катастрофа за Македонија е седумгодишното разбојничко работење со државни ресурси на СДСМ и ДУИ, а не прогнозата на Светска банка за економијата на државава во најновиот извештај што опозицијата ја препознава, е коментарот на премиерот Христијан Мицкоски на обвинувањата од опозициската СДСМ дека оваа влада ќе направи економска катастрофа.

    Пратеникот на СДСМ и екс вицепремиер Фатмир Битиќи денеска изјави дека македонската економија е во слободен пад и наместо очекуваниот економски раст од 2,5 %, годинава, според Светска банка, ќе ја завршиме со само 1,8%.Тоа според него е јасен сигнал дека економските политики на ВМРО-ДПМНЕ се целосно неуспешни.

    Мицкоски рече дека е задоволен што во оваа Влада сите економски индикатори се позитивни.

    -Единственото нешто што е катастрофално во Македонија е состојбата која што СДСМ ја остави после седум години разбојничко управување. Она што го прави оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, е сето тоа да го консолидира, јас сум повеќе задоволен што слободното паѓање го сопревме и добро е што како оваа Влада сите индикатори се позитивни – рече Мицкоски.

    Според Мицкоски, „се што кажаа од СДСМ, промашија“.

    -Она што можам да го кажам е дека се што кажала СДСМ промашија. Овие прес-конференции треба да бидат само знак дека е спротивно од тоа што тие го кажуваат е во реалноста. Им благодарам на СДСМ што преку своите прес-конференции и пораки кои ги испраќаат во јавноста само потврдуваат и ги потсетуваат граѓаните за своето седумгодишно разбојничко владеење, управување со ресурсите во Македонија, и ги потсетуваат граѓаните на сите понижувања и национални отстапки што ги правеа на сметка на зголемување на своето лично богатство и богатење на грбот на граѓаните – додаде Мицкоски.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img