More

    Производителот на „Бакина тајна“ денеска ги извести потрошувачите дека од српскиот пазар повлекува две серии благ ајвар од 550 грама

    spot_img

    Производителот на „Бакина тајна“ денеска ги извести потрошувачите дека од српскиот пазар повлекува две серии благ ајвар од 550 грама, јави дописникот на МИА од Белград.

    „Ајварот „Бакина Тајна“, 550 грама, благ, серија 6610290724, со рок на употреба до 29 јули 2026 година и ајваро „Бакина Тајна“, 550 грама, благ, серија 6610300724, со рок на употреба до 30 јули 2026 година, се повлекуваат од продажба поради можност за присуство на туѓо тело, кои на пазарот ги пласира компанијата Atlantic Brands d.o.o“, соопшти произведителот на својата веб-страница.

    Во соопштението се додава дека потрошувачите, кои ги купиле споменатите производи, можат да ги вратат на продажното место каде што ќе им бидат вратени парите или ќе договорат замена на производот.

    „Во оваа прилика сакаме да потврдиме и дека ги гарантираме безбедноста и квалитетот на сите останати производи на пазарот. Како одговорна компанија, која пред се се грижи за заштита на потрошувачите, донесовме одлука за отповикување врз основа на високите стандарди на квалитет и безбедноста, со цел одржување на високо ниво на доверба во нашите производи“, се наведува во соопштението.

    Во рекламите за ајварот „Бакина Тајна“ инаку пишува дека станува збор за автентичен српки ајвар подготвен со традиционални методи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img