More

    Вања комуницирала со момче од Шведска кое на профилот имало знамиња од ИСИС

    spot_img

    Убиената Вања Ѓорчевска комуницирала со виртуелен дечко од Шведска, преку интернет, разговарале на англиски јазик, а деталите што ги откриле на неговиот профил ги вознемириле истражителите, но и ги однеле во погрешна насока поради која изгубиле два дена.

    – Го проверивме профилот и забележавме дека на неговата страна имаше знамиња поврзани со ИСИС. Тоа го направи случајот уште посериозен и веднаш вклучивме колеги од други оддели за да ја провериме таа можна закана – рече Дејан Димовски, началник на единицата за насилен криминал, кој денеска даде исказ во судот во врска со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска.

    Се преземале обемни проверки, вклучително и соработка со шведските власти, како и проверки на границите, но истрагата не резултирала со конкретни наоди.

    – Сите проверки беа негативни и оваа трага не водеше никаде. Изгубивме два дена работејќи на оваа теорија – сведочеше Димовски, објаснувајќи дека полицијата морала да одземе телефони и компјутери за детални анализи, кои траеле неколку дена.

    Димовски ги потврди исказите на помошникот началник Музафер Каришиќ  дека таткото на Вања постојано повторувал дека Вања е киднапирана.

    – Таткото постојано тврдеше дека Вања е киднапирана, иако во тој момент немавме никакви докази. Од почетокот го алармираше фактот дека ќерка му е исчезната, но нам ни беше чудно како веднаш можеше да се заклучи дека станува збор за киднапирање. Во вакви случаи, се очекува прво да се провери кај другарки или во околината, а не веднаш да се алармира полицијата – рече Димовски.

    Според началникот, при првите разговори со родителите, вклучително и со мајката Зорица Ѓорчевска, беше споменат претходен конфликт што Вања го имала на училиште. Ова ја зголемило загриженоста кај истражителите, но нелогичностите во случајот продолжиле да се собираат.

    – Ми се јави началникот Музафер Каришиќ, ми рече дека мора да се вклучиме и ние, бидејќи имаше информации од родителите дека може да биде грабната. Иако во тој момент немаше никакви докази. Ние мислевме дека има доста нелогичности и одлучивме дека мора веднаш да почнеме со работа. Ги повикавме и родителите и директорката на училиштето, педагогот и класната раководителка. Не ни беше јасно како можеше толку брзо да се алармира дека девојчето е киднапирано. Мајката во 8 часот и 2 минути веднаш пријавила дека има исчезнато девојче. Нормално би било прво да проверат да не е кај другарка, а не веднаш да известат дека е исчезната. По разговорот со класната ни стана јасно, бидејќи претходниот ден Вања имала проблем во училиште со друго дете за некоја книга и претходната вечер класната разговарала со мајката Зорица и се договориле дека следниот ден ќе ги расчистат сите работи на класен час. Прашувавме за врските, односите во семејството и дали и претходно се случувало да ја нема Вања. Подоцна почна потрагата низ парк и низ центарот на Скопје, тоа беше на полноќ. Се вратија и рекоа дека нема ништо. На помошникот му беше чудно, затоа што таткото не излегувал од кола, додека излегувале да пребаруваат. Таткото велеше: „Џабе пребарувате, сигурно е киднапирана, можеби и убиена“. Се вршеше потрага и во Охрид, бидејќи таму имала стан мајката Зорица. Ни беше нејасно зошто таткото цело време велеше дека е киднапирана, и во еден момент им реков „ако е киднапирана може да биде добро тоа, бидејќи ќе имаме трага. Тие мора да се јават и да ве контактираат“. Мајката гледаше во телефонот но немаше повик. Останавме до 4-5 утрото. Сабајлето повторно продолживме – рече Димовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img