More

    По трагичната смрт на Лиам Пејн, неговите поранешни колеги од „Уан дирекшн“, Хари Стајлс, Ниал Хоран, Луис Томлинсон и Зејн Малик му оддадоа трогателна почит на пејачот

    spot_img

    По трагичната смрт на Лиам Пејн (31), на 16 октомври, неговите поранешни колеги од „Уан дирекшн“, Хари Стајлс, Ниал Хоран, Луис Томлинсон и Зејн Малик му оддадоа трогателна почит на пејачот.

    Тие се запознаа на британското натпреварувачко шоу „Икс фактор“ во 2010 година кога ја формираа „Уан дирекшн“.

    Пејачите се огласија на официјалниот инстаграм-профил на бендот кој паузира од 2015 година.

    – Целосно сме уништени од веста за смртта на Лиам. Со текот на времето и кога секој ќе биде во можност, ќе има уште многу да се каже. Но, засега, ќе ни треба извесно време да тагуваме и да ја обработиме загубата на нашиот брат, кој многу го сакавме. Спомените што ги споделивме со него ќе бидат засекогаш зачувани. Засега нашите мисли се со неговото семејство, неговите пријатели и обожавателите кои го сакаа покрај нас. Ужасно ќе ни недостасува. Те сакаме, Лиам – додека во потписот стои: Луис, Зејн, Ниал и Хари.

     

    Она што многумина ги натера на размислување е реченицата во која признаваат дека сè уште имаат што да кажат, но кога ќе дојде време.

    Да потсетиме, пејачот почина од повеќе повреди, меѓу кои и фрактура на черепот, која настанала како последица од падот од балконот на третиот кат на хотелот.

    Шефот на службата за итни случаи во Буенос Аирес, Алберто Кресенти, изјави дека на поранешниот член на бендот „Уан дирекшн“ му немало спас кога медицинските екипи пристигнале на местото на настанот.

    Службите за итни случаи го потврдија идентитетот на Лиам Пејн (31) со проверка на неговиот пасош, додека шефот Кресенти одби да ги коментира извештаите дека пејачот можеби бил пијан или дрогиран. Тој, исто така, нагласи дека сè уште се чекаат резултатите од обдукцијата и ги повика сите кои брзаат со пресудата „да не претеруваат“.

    Персоналот на хотелот и рекол на полицијата дека Лиам сам се пријавил во луксузниот хотел „КасаСур“ во модерното предградие на главниот град на Аргентина, на 10 октомври оваа година. Тој бил во градот за да се сретне со поранешниот колега од бендот „Уан дирекшн“, Ниал Хоран, кој настапуваше во Арената „Мови стар“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img