More

    Променливо облачно со сончеви периоди ќе биде денеска и за време на викендот

    spot_img

    Променливо облачно со сончеви периоди ќе биде денеска и за време на викендот. Ќе биде и значително посвежо со услови за слаб локален дожд, а потоа ќе следува период на стабилно и тивко време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

    Минималните утрински температури ќе се движат од 2 во Берово до 13 во Гевгелија, а максималните дневни од 13 во Маврово и 20 Целзиусови степени во Гевгелија и во Скопје.

    Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени, соопштија од УХМР.

    Како што информира УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од – 3 до 12 степени, а максималната од 12 до 23 степени.

    Од недела ќе има утрински минусни температури. В понеделник и вторник утринската температура ќе биде од – 3 до осум степени, а дневната до 22 степени. Минималната температура ќе се движи 4°C до 13°C, додека максималната од 14°C до 20°C.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img