More

    Фокусот веќе не е инфлацијата, туку економскиот раст во еврозоната

    spot_img

    Европската централна банка (ЕЦБ) по трет пат оваа година ја намали референтната каматна стапка, сега на 3,25%. Оваа одлука, со цел да се одржи стабилноста на економијата и да се сузбие инфлацијата, има значајни импликации, како за еврозоната, така и за земјите надвор од неа, вклучувајќи ја и Македонија. Намалувањето на каматната стапка носи надеж дека ќе го забави растот на цените, но прашањето останува каков ќе биде вистинскиот ефект во пракса.

    Ова е прво последователно намалување на стапката во последните 13 години, што укажува на промена на фокусот на ЕЦБ од намалување на инфлацијата кон заштита на економскиот раст, кој заостанува зад САД веќе две години.

    Причини за одлуката на ЕЦБ

    Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, на прес-конференција изјави дека дезинфлаторните процеси се „вкоренети“ и дека сите информации во последните пет недели укажуваат на пониска инфлација. ЕЦБ нагласи дека економската активност и податоците за деловната активност и инфлацијата за септември се пониски од очекуваното, што најверојатно влијаело на одлуката за намалување на каматните стапки.

    Главната цел на ова намалување на каматната стапка е да се олесни пристапот до финансии и да се поттикне економскиот раст. Со намалување на каматната стапка, банките се охрабруваат да обезбедуваат повеќе кредити за потрошувачите и бизнисите, што би требало да ја зголеми побарувачката и да го стимулира производството. ЕЦБ се соочува со големи предизвици во постигнувањето на својата цел – одржување на инфлацијата на ниво од 2% – па затоа овој потег се гледа како стратешка интервенција во обидот да се стави под контрола инфлацијата.

    Експертите предвидуваат дека инфлацијата во еврозоната ќе продолжи да се забавува во текот на следните месеци. Според анализите на финансиските аналитичари, инфлацијата во 2023 година се очекува да биде под 5%, со тенденција за понатамошен пад, како резултат на строгата монетарна политика на ЕЦБ. Но, и покрај оптимизмот, постојат неколку ризици кои би можеле да го попречат овој тренд, особено ако растат цените на енергенсите или дојде до нови глобални економски потреси.

    Намалувањето на каматните стапки од страна на ЕЦБ може да доведе до зголемување на потрошувачката, но истовремено и до зголемување на долгот на домаќинствата и на компаниите. Со тоа, економијата може да покаже раст на краток рок, но истовремено се зголемува ризикот од натрупување долгови, што во иднина може да доведе до финансиски нестабилности. Сепак, аналитичарите сметаат дека ова е неопходен чекор за да се намали притисокот врз потрошувачите и бизнисите, кои се соочуваат со високи трошоци за кредити.

    Што може да очекува Македонија?

    Намалувањето на каматната стапка во еврозоната ќе има индиректно влијание врз Македонија, која е тесно поврзана со економиите на ЕУ. Од една страна, Македонија може да се соочи со зголемен прилив на капитал поради пониските каматни стапки, што може да ја стабилизира валутата и да ги поттикне инвестициите. Од друга страна, македонските финансиски институции најверојатно ќе треба да се прилагодат на новите економски услови, што може да влијае врз условите за кредитирање и достапноста на финансиски средства за бизнисите и домаќинствата.

    Ако ова намалување на каматната стапка го намали притисокот врз цените во еврозоната, постои можност и за стабилизација на цените во Македонија. Меѓутоа, со оглед на тоа дека Македонија е енергетски зависна, секое зголемување на цените на енергенсите може повторно да доведе до инфлаторни притисоци, без оглед на влијанието на каматната стапка.

    За да се справат со ефектите од пониските камати во еврозоната, македонските банки ќе треба внимателно да ја планираат својата монетарна политика. Можен исход е и зголемување на побарувачката за кредити во Македонија, што би можело да ја стимулира економската активност. На долг рок, меѓутоа, би требало да се внимава на тоа да не се создадат ризици од преголемо задолжување на компаниите и домаќинствата.

    Со намалени трошоци за финансирање, македонските компании би можеле да ја зголемат својата инвестициска активност и да создадат нови работни места. Сето тоа може позитивно да влијае врз животниот стандард во Македонија преку стабилизација на цените на основните производи. Ова би можело да доведе до намалување на трошоците за живот, што е од суштинско значење за македонските домаќинства, кои се соочија со значителен инфлаторен притисок во изминатиот период.

    Спротивставени проценки за шансите на Македонија

    Можеби ова ќе ги поткрепи новите проценки на Министерството за финансии, според кои следната година се очекува економски раст од 3,7%, невработеноста да се намали на 11,2%, платите да се зголемат за  7,5%, бруто-инвестициите да растат со просечна стапка од 7,8%, а нивото на капиталните инвестиции од Буџетот  да биде 4,7% во пресек. Заеднички именител на овие проекции е очекувањето 2025 година да биде година на одлепување на македонската еконмоија од дното.

    ВО 2025 ГОДИНА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ЌЕ ПОЧНЕ ДА СЕ КРЕВА Се очекува раст на БДП од 3,7% и многу странски инвестиции

    Но, при анализата треба да се имаат предвид и проекциите на Светска банка, која прогнозира дека македонската економија годинава ќе забележи раст од 1,8%, следната 2025 година раст од само 2,5%, додека во 2026 година растот да биде 3%. Тоа се многупопесимистичлни предвидувања од  оние на македонските власти.

    ГОДИНАВА ЌЕ ЈА ЗАВРШИМЕ СО НАЈНИЗОК РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА ВО РЕГИОНОТ Светска банка ни предвиде само 1,8%

    Како и да е, Светска банка внимателно предвидува инфлацијата да остане над или блиску до 3% во 2024-2025 година, но потоа да се забави кон долгорочиот просек од 2%, што изгледа ќе биде стандард во еврозоната. Се предвидува стапката на сиромаштија бавно да опаѓа за дополнителни 1,2%, помогната од растот на реалната плата и растот на вработувањето.

    Она што не можат да го предвидат ни банкарите ни експертите е колку ќе биде успешна Владата во обезбедување свеж капитал за македонската економија и директни странски инвестиции. Ако по утрото се познава денот – а утрото е унгарскиот мега кредит – се чини дека со неколку такви потези и со обнова на градежните работи на коридорите, сите проекции можат да се поместат во позитива.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img